ПРИЈАТНИ ГОСТИ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ТРЕНИНГОТ ВО НЕГОРСКИ БАЊИ

Децата од Центарот Мајка Тереза во посета на Блокотехна (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денес на тренингот на првиот тим на Блокотехна, во посета беа децата од Центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија.

Имаа убава можност да влезат на теренот, да се дружат со кошаркарите, да си додааваат и шутираат на кошевите заедно со нив. Истите проследија еден мини натпревар, на крај со заедничка слика и со подарок баскет за секој од нив си заминаа среќни и со насмевка!

„Спортот е многу повеќе од натпревар и ние како клуб сме пресреќни за оваа наша прва заедничка дружба! Најавуваме во иднина продолжување на соработката со Центарот Мајка Тереза со повторни заеднички дружења и соработка!“- порачаа кошаркарите, стручниот и раководниот тим на гевгелискиот прволигаш.

објавено: 23 февруари 2018 - 16:51