ГОЛОВИ, ШАНСИ И МАЛКУ ИСКРИ

Дербито понуди сѐ, па дури и по некоја – шлаканица

објавено: 10 август 2014 - 21:47

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги израдува своите навивачи со големата и убедлива победа против директниот ровал за титулата Шкендија. На теренот, скопските црвено-црни ги прегазија тетовци, а неколку илјадната публика виде сѐ. Виде вистинско дерби. И борба на терен, и акции, и голови, но и по некоја шлаканица. Дваесетина минути пред крајот по еден остар старт над Филип Деспотовски, двата тима влегоа во клинч. За среќа сѐ сведе на кошкање, туркање...