Разиграна Шкендија

Хелсинки влета во „слепа“ улица во Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

објавено: 13 јули 2017 - 21:07

Хелсинки поведе во Струмица во 35. минута и потоа над еден час се најде во машинеријата на Шкендија, тим кој направи пресврт и победи со 3:1, со хет-трикот на Бесарт Ибраими. Предноста е одлична пред реванш-мечот од второто квалификациско коло во Финска на 20. јули.