СЕ ВРАТИЈА НА ТРИБИНИТЕ, НАПРАВИЈА ДОБРА АТМОСФЕРА

Загреб конечно стана Сплит (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Хрватската репрезентација сепак ја доби атмосфера од Сплит, но дури на вториот натпревар. Против Норвешка на трибините во Арена Загреб имаше околу 15.000 фанови, кои направија вистинска фешта и ги носеа играчите кон вториот триумф во главната фаза. Како и секогаш главната поддршка доаѓаше од претседателката, Колинда Грабар-Китарович.

објавено: 20 јануари 2018 - 23:13

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

Хрватската репрезентација сепак ја доби атмосфера од Сплит, но дури на вториот натпревар. Против Норвешка на трибините во Арена Загреб имаше околу 15.000 фанови, кои направија вистинска фешта и ги носеа играчите кон вториот триумф во главната фаза. Како и секогаш главната поддршка доаѓаше од претседателката, Колинда Грабар-Китарович.

Овој меч беше посебен за вардаровиот ракометар, Иван Чупиќ вечерва влезе во историјата на хрватската репрезентација, како играч со најмногу голови. Со трите гола кои постигна против Норвешка го мина Ивано Балиќ на листата на најдобри стрелци. Чупиќ има 153 погодоци, додека легендарниот Хрват имаше 151.