За надеж дека македонските екипи можат да играат во Европа

И еден бод, е добар плод за дебитантот Вардар (Фотогалерија)

И еден бод е добар плод, за крај на првата и историска авантура на Вардар во фаза по групи во Европа Лигата. Македонскиот шампион конечно го покажа лицето кое се очекуваше и со реми против Розенборг избегна да заврши без ниту еден бод во дебито на македонска екипа во ваков формат на натпревари

објавено: 8 декември 2017 - 00:33

И еден бод е добар плод, за крај на првата и историска авантура на Вардар во фаза по групи во Европа Лигата. Македонскиот шампион конечно го покажа лицето кое се очекуваше и со реми против Розенборг избегна да заврши без ниту еден бод во дебито на македонска екипа во ваков формат на натпревари.

Грешките, во најголем дел во својот двор, вардарци сепак за момент ги потиснаа во втор план со изданието против Розенборг. Имаа шанси и да победат, но и да извлечат поуки од историското учество во Европа Лигата. Без сериозни засилувања, кога веќе се пласираа во групната фаза во Европа не може да се игра рамноправно. Настапот против Розенборг, вечерва, во последната рунда дава надеж дека и Вардар и останатите македонски екипи можат и почесто да се дружат со елитата, но само со посериозна работа во клубовите, со многу повеќе вложувања и во играчкиот кадар, но и во останатите сегменти од функционирањето што е непоходно за приближување до европскиот клупски крем.