СКОПСКИОТ МАРАТОН КАКО ФОТО ПРИКАЗНА

И старо и младо, и познати и непознати, сите на улица... (Фотогалерија)

Убава глетка утринава на улиците на Скопје. Повеќе од 10.000 маратонци од 58 земји, трчаа и се „тркаа" со часовите, минутите, секундите. Но, и да бидат видени...

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 6 мај 2018 - 12:41

Светско а наше.

Скопскиот маратон и дефинитивно го „потресе" главниот град, Македонија. Утринава низ улиците на Скопје трчаа старо и младо, познати и непознати. Сите сакаа да стигнат до целта, се натпреваруваа со времето. Сакаа да видат, но сакаа и да бидат видени. Секако дека беше спектакуларна бројката од 10.000 натпреварувачи на Скопскиот Маратон 14-ти по ред.