НА КРАЈОТ ЕДНА КРАТКА ПОРАКА

„Игравме за државата, повеќе од сите посакувавме среќен крај“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ако некој на ова Европско првенство посакуваше Македонија да биде меѓу четирите репрезентации тоа сигурно се нашите ракометари. Како што самите велат: Игравме за државата, повеќе од сите посакувавме среќен крај. Ако нешто треба да не раудва, тоа е сплотеноста и заедништвото кои го красеа нашиот национален тим. 

објавено: 24 јануари 2018 - 21:20

Од Вараждин, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

Ако некој на ова Европско првенство посакуваше Македонија да биде меѓу четирите репрезентации тоа сигурно се нашите ракометари. Како што самите велат: Игравме за државата, повеќе од сите посакувавме среќен крај. Ако нешто треба да не раудва, тоа е сплотеноста и заедништвото кои го красеа нашиот национален тим.

Раул Гонзалез успеа да создаде еден поинаков тим, а не прочитана книга. Во Хрватска опасноста не доаѓаше само од Кирил Лазаров, секој имаше свој посебен придонес и во победите и во поразите...На крајот колку и да не сакаме да ја изговориме добро познатата реченица, сепак ќе мораме - Нека и ова Европско првенство биде поука!