Убавината на Матка повторно на дело

ИКАС повторно блесна и донесе радост за браќата Ацар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Илинденскиот Кајак Слалом вчера и денеска се одржа по 49. пат во СРЦ „Матка". Најпознатата кајак манифестација во нашата држава повторно блесна со сиот свој сјај и донесе радост за турскиот кајакар Мустафа Арда Ацар кој се радуваше на победата. Тој во дисциплината К1 имаше остварување од 108.80 секунди. Зад него заврши гркот Панајотис Зисекас (111.00 секунди), додека на третото место беше неговиот брат Анил Ацар.
Најдобро рангиран македонски кајакар беше Љубомир Спасиќ кој заврши на четвртото место со остварување од 118.31 секунда.
Како изгледаше целиот овој спектакл, погледнете низ објективот на нашиот фотограф.

објавено: 9 април 2017 - 15:20