Италијанците ги тепаа кошаркарите на Македонија – буквално!

објавено: 26 јули 2014 - 22:19

Кошаркарите на Италија покажаа завиден квалитет на денешниот натпревар против Македонија во рамки на 2. коло на турнирот во Скопје, пред сѐ преку НБА-ѕвездата Луиџи Датоме, но ја покажаа и својата пргава страна, играјќи агресивно, неретко валкано и провоцирајќи во секој момент кој ќе им се укажеше. Во тоа предначеа Арадори и Алесандро Џентиле, кои успеаја дури и да удрат наши играчи, првиот ги „закачи“ Димчевски и Магдевски, а вториот Војдан Стојановски. Малку фалеше последниот инцидент да се претвори во општа тепачка, што ќе бешпе премногу за еден пријателски меч.