ЗА ПЕТ МИНУТИ ЗАВРШИ НАШИОТ СОН

Изгоревме од сопствените грешки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација одигра нов драматичен натпревар на Европското првенство, овој пат крајот беше фатален. Од комотна позитива од пет гола на крајот доживеавме вистински шок. Чешка не разбуди од големиот сон - наречен шанса за полуфинале. Паднавме во последните пет минути, изгоревме од желба...Можеше да биде и реми. По прегледување на снимката, судиите ни доделија седмерец, кој не успеавме да реализираме преку Дејан Манасков. 

На крајот останува да чекориме со дигнати глави и да чекаме следна шанса за нешто големо... 

објавено: 23 јануари 2018 - 23:36