Најдоа сили да ја пребродат последната пречка во 2017 година

Јунаците на мака се познаваат, Вардарци испаднаа мангупи за Шкупи (Фотогалерија)

Во победнички стил за пласман во четвртфиналето на националниот куп, вардарци ја завршија напорната за нив 2017 година. Мангупи за Шкупи испаднаа избраниците на Чедомир Јаневски, овојпат благодарение на одличната тактика и на стратегот на „црвено-црните“

објавено: 17 декември 2017 - 16:00

Во победнички стил за пласман во четвртфиналето на националниот куп, вардарци ја завршија напорната за нив 2017 година. Мангупи за Шкупи испаднаа избраниците на Чедомир Јаневски, овојпат благодарение на одличната тактика и на стратегот на „црвено-црните".

Одлично подготвени и максимално дисциплинирани беа вардарци на реваншот против Шкупи, а тактиката да се оди што почесто на прекини вроди со плод. Головите на Бобан Николов и на Максим Максимов беа постигнати од одлично изработени акции, а Вардар можеше да слави и поубедливо од 2:0, ако се бројат шансите во доминантна игра во текот на сите 90 минути. Сега на ред е заслужена пауза во годината, која „црвено-црните“ и нивните симпатизери ќа ја паметат како историска со прв настап во Европа Лигата.