ДЕВЕТ РАЗЛИКА НЕ СМЕЕ ДА НЕ ЗАЛАЖУВА

КАКО ЈАПОНИЈА ДА НЕ БИЛА: Без еуфорија, тивко се крои тактиката (ФОТО)

Скромноста е главна одлика на нашите ракометари од стартот на подготовките за Светското првенство. Во овој поглед не се промени ништо и во Минхен. Ја победивме Јапонија со девет разлика, но денеска исто како да не сме играле...

објавено: 12 јануари 2019 - 12:35

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Премногу искуство има во нашите ракометари за да си дозволат да ги фати еуфорија, по само една победа на Светското првенство, макар таа била изразена во девет гола разлика.

Нашите момци не кријат дека ваквиот старт им годи, особено за подигање на самодовербата пред продолжение на мундијалкста битка, поточно следниот противник Бахреин. 

Ова утро не беа ништо поразлични како пред два дена, Јапонија е заборавена. Раул Гонзалез и неговите момци гледаат напред, се лоцираат грешките, се подготвува тактиката..Од очите може да се види колку имаат желба да го извадат најдоброто од себе кога играат за својата Македонија.

Добра вест е што засега нема проблеми, сите се чувствуваат најдобро и тоа патем е најважно..

„Важно е што здравствениот билтен е добар. Денеска на доручек, ниту еден играч не се пожали за некаква повреда. Тоа ме радува, тоа значи дека утре сите можеме да дадеме максимум", рече Лазаров пред денешниот тренинг.