СО ГОЛЕМ БОД ОД ТОРИНО

„Калчо Македонија“: Нестор - Пандев - Трајковски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација го оствари еден од најдобрите резултати во својата историја. На гостувањето кај големата Италија, Игор Ангеловски и неговите избраници одиграа нерешено 1-1, а главни виновници се тројцата репрезентативци кои настапуваат во тамошниот шампионат. Акцијата тргна од Несторовски, ја смири топката и ја додаде до Пандев, капитенот го пронајде Трајковски, кој феноменален погодок израмни на 1-1. Нашите фудбалери беа рамноправен противник против фаворитот и најмалку што заслужуваат е барем бод од ова гостување. 

Во последниот квалификациски меч за пласман на СП, Македонија го пречекува Лихтенштајн.

објавено: 6 октомври 2017 - 23:03