Легендарниот спортски центар е таличен за нашите селекции

„Кале“ донесе нова радост за Македонија (ФОТО)

Младата женска ракометна ререзентација на Македонија ќе ја гледаме на Европското првенство во Словенија, откако вечерва славеше над Фарски Острови со 23:19. Спортско рекреативниот центар „Кале" и овој пат беше таличен за наша ракометна селекција.
Откако на почетокот на годината младинците во машка конкуренција обезбедија настап на СП, токму на турнир организиран тука, овој пат ракометарките беа тие што пееа победничка песна.

Меѓу првите луѓе кои што го честитаа успехот беше претседателот на РФМ, Живко Мукаетов кој ја користи секоја можност да им даде поддршка на нашите ракометари.

објавено: 19 март 2017 - 21:48