Денеска беше и официјално пуштена во употреба

Каменица Саса ја доби својата „Куќа на фудбалот“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Третолигашот Каменица Саса ја доби својата „Куќа на Фудбалот", откако денеска беше направено и свеченото отворање. Проектот кој се градеше неколку месеци беше успешно финализиран, а навистина изгледа одлично. Со ова третолигашот ќе добие нов, модерен спортски центар, со кого ќе дојдат и подобри резултати. А со исклучок на Вардар и Шкендија, дефинитивно овој колектив од Истокот има тренинг центар на кого може да ми завидуваат и прволигашите.

објавено: 13 мај 2017 - 14:14