РУСИТЕ ГИ МЕНУВАА ПЛАНОВИТЕ, НО ИЗГЛЕДА ДЕКА ПОГОДИЈА

Кои се руските фудбалски мундијалски „убавици" (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од 14. јуни до 15 јули следната година во Русија, 32 селекции од целиот свет, ќе се борат за насловот светски шампион.

објавено: 1 декември 2017 - 19:10

На првенството кое ќе се игра на вкупно 12. стадиони, или во 11 градови ширум Русија, само главниот град, Москва, ќе ја има таа привилегија каде натпреварите од Мундијалот ќе се играат на два стадиони.

А тоа ќе биде и градот каде ќе се игра големото финале на Светскиот куп.
Инаку првиот руски план беше да се игра во 13. градови, или вкупно на 16. стадиони, но во септември 2011 година, одлучено е да се игра на 14. стадиони.
Сепак, една година дена подоцна Русите конечно пресекоа, и одлучија дека најдобро е најдобрите репрезентации на светот да играат на 12. стадиони.
Кои се тие?