КАРПОШ СОКОЛИ ОСТАНА БЕЗ СИЛИ ЗА ЕВРОПА

Колку пари - толку музика! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Карпош Соколи го загубија и четвртиот натпревар во ФИБА Еврокупот, откако Солнок славеше убедливо (73-91) на гости во Скопје.

објавено: 8 ноември 2017 - 23:27

Кошаркарите на Карпош Соколи го загубија и четвртиот натпревар во ФИБА Еврокупот, откако Солнок славеше убедливо (73-91) на гости во Скопје. 

Карпош Соколи имаше ќелба да дигра само една четвртина. Го добија првиот период со 26-21, а потоа им се случи огромен па. Солнок ја доби втората четвртина со 16 поени разлика (8-24) и на полувреме замина со двоцифрена предност (34-45).

Жарко Чомагиќ постигна 17 поени, Драган Лабовиќ уфрли 15, а уште 14 додаде Тадеус Мекфејден.

Поранешниот играч на „соколи",Кендрик Пери постигна 17 поени.