„ГАЗЕЊЕТО“ НА ДАНСКА ОДЛИЧНА НАЈАВА ЗА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ СО БЕЛОРУСИЈА

Лавовите на Џикиќ ја импресионираа македонската публика

објавено: 25 август 2014 - 00:26

Кошаркарите на Македонија забележаа нова победа над Данска во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП (80-46) и се наоѓаат многу близу до пласман на уште едно големо натпреварување. „Лавовите“ на селекторот Џикиќ одиграа одличен меч, со убедливи 34 разлика ја декласираа далеку полошата репрезентација од нас и одлично го најавија последниот меч во квалификациите против Белорусија кој го играме в среда на домашен терен.