НЕГОВОТО ПРИСУСТВО ИМА ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

Лазаров е вистински капитен: Ги подучува младите, се грижи за атмосферата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Иако нема да настапи на пријателската средба со Русија, Кирил Лазаров тој тренира со репрезентацијата...Нашиот „бомбардер“ уште еднаш покажа дека е вистински капитен, неговото присуство има големо значење особено за помладите ракометари, но и за создавање на позитивна атмосфера во националниот тим. И вечерва на тренинг не се појави Борко Ристовски, кој и натаму ја слави приновата во своето семејство, неговиот син Душан.  

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 5 април 2018 - 21:29