НАШИТЕ НАЈДОБРИ ФУДБАЛЕРИ НА ПАТ ЗА ХАИФА

Летнаа кон Израел по трите бода (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со силна верба во себе и во своите можности, нашиот сениорски тим тргнува на пат за Хаифа, каде утревечер ќе бараме нова шанса, за освојување на бодовите во квалификациите, и тоа во дуелот против домашната селекција на Израел.

Некој ден потоа, во Струмица, не чека уште еден предизвик - Албанија. 

објавено: 31 август 2017 - 10:39

Македонските репрезентативци се подготвени за подвиг и сефте успех против Израел во петтиот меѓусебен мец. Во Хаифа ке играме во сабота, во рамки на квалификациите за СП во Русија.

На пат за Израел тргна расположената фудбалска чета на Игор Ангеловски со цел конечно да се прекине израелското проклетство и за првпат во меѓусебните дуели да се оствари позитивен резултат.