Стасаа и последните мохиканци во Белек

Македонија е подготвена за висок лет (Фотогалерија)

објавено: 20 март 2018 - 13:30

Македонија се подготвува за лет во височини, на кои досега не сме биле, а целта е преку премиерното издание на Лигата на Нации конечно да играме на големо натпреварување, на ЕП 2020 година.

За таа цел се и подготвителните натпревари во Белек, Анталија, за три дена со Финска и на 27. март против Азербејџан.

Репрезентацијата се комплетираше вчеравечер со пристигнувањето на Стефан Ристовски, на Езџан Алиоски и на Столе Димитриевски.