ФОТОГРАФИИ ОД МЕЧОТ ЖФК КОЧАНИ-СФК 2000

Македонките немоќни за сензација во Сараево

објавено: 11 август 2014 - 16:20

На вториот меч во квалификацискиот циклус за Лигата на шампионите македонскиот шампион ЖФК Кочани со убедливи 7-0 загуби од домаќинот СФК 2000 и ги загуби шансите за пласман во понатамошната фаза. По поразот од полскиот претставник Медик Конин сараевки на теренот ја демонстрираа својата вистинска моќ, а доказ за тоа се седумте погодоци од вкупно 20-те удари кои завршија во мрежата на нашата млада голманка, 18-годишната Олгица Арсова.