ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО МОЖЕ ДА ПОЧНЕ

Македонска офанзива над хрватската престолнина: За почеток нека капитулираат Словенците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Подготвени сме за нова европска битка. Арена Загреб ќе „грми“ - македонските фанови пристигнаа во Загреб, дел со автомобили, дел со автобуси...Минаа долг пат, но на нивните лица не може да се примети заморот, бидејќи за Македонија се работи. Како што самите велат, едвај го чекаат вечерашниот дуел против Словенија: Ние ќе останеме без глас ако треба, само нашите ракометари да изгинат на теренот. Со вас сме момци, порачаа фановите кои во моментов се во македонската фан-зона. 

Од Загреб, Марија Ковачева

Фото: Петр Стојановски

објавено: 13 јануари 2018 - 17:44