Нашата репрезентација го одржа првиот тренинг за Лихтенштајн

Македонскиот калчо напад подготвен за Лихтенштајн (ФОТО)

Ударното трио на Македонија и овој пат ќе биде Пандев-Несторовски-Трајковски кои се подготвени за предизвикот наречен Лихтенштајн

објавено: 20 март 2017 - 16:27

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг за претстојниот квалификациски меч за СП против Лихтенштајн. Ударното трио Александар Трајковски, Горан Пандев и Илија Несторовски е подготвено да ја наполни мрежата на противникот, а дополнително ќе бидеме засилени и со одличниот Музафер Ејупи. Нашите момци се подготвени да го остават срцето на теренот и со тоа да дојдат до првата победа во групата Г.

Мечот меѓу Македонија и Лихтенштајн ќе се игра в петок со почеток од 20:45 часот.