МАЛКУ ДУХОВЕН МИР ПРЕД СЛЕДНИТЕ БИТКИ

Македонските јунаци во посета на „Света Злата Мегленска“ во Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

"Вие денеска сте апостоли. Нашата најголема светлост. Вчера со натчовечки напори не израдувавте. Како што Кире Ве водеше вчера, така нека Ве води низ целото првенство. Ова е мал дар за она што вчера Вие ни го подаривте. Сребрени медаљони сега, а за десет дена злато" - порача и посака отецот Пимен.

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 14 јануари 2018 - 11:50

Специјално од Загреб, Марија Ковачева

Македонскитe ракометни јунаци и немаа (т) многу време за прослава на големата победа над Словенија на отворањето на шампионатот во Загреб.
Спиеја малку, а денешниот слободен ден го искористија за посета на црквата „Света Злата Мегленска" во Загреб, која е дел од Македонска православна црква – Охридска архиепископија Европска Епархија.

"Вие денеска сте апостоли. Нашата најголема светлост. Вчера со натчовечки напори не израдувавте. Како што ве водеше, така нека ве води низ целото првенство. Ова е мал дар за она што вчера вие ни го подаривте. Сребрени медаљони сеха, а за десет дена злато“ - порача и посака отецот Пимен.