НОВ НАТПРЕВАР ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

Македонските надежи мотивирани пред мечот со Србија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година се подготвува за следните квалификациски мечеви против Србија (07. септември) и Ерменија (11. септември)

Иако шансите се загубени за ЕП, главна задача во оваа фаза е да се врати самодовербата кај фудбалерите и вербата во оваа селекција. Нашите надежи се мотивирани за следниот предизвик.

Избраниците на селекторот Добринко Илиевски го одржаа официјалниот тренинг пред мечот в петок во групата 7 против Србија со почеток од 18:00 часот на „Караѓорѓе" стадионот во Нови Сад.

објавено: 6 септември 2018 - 19:07