Вечерва тренираа пред премиерниот меч со Русија, утре од 15

Македонските надежи пристигнаа во Алжир, орни за мундијалските битки (Фотогалерија)

објавено: 17 јули 2017 - 22:17

Младите македонски ракометари пристигнаа во Алжир и веќе го оддржаа единствениот тренинг пред утрешниот меч со Русија, како премиера на Светското првенство за играчи до 21 година.

Избраниците на селекторот Илија Темелковски го играат третото и последно големо натпреварување на оваа генерацијата, во младинските категории. По настапот на две Европски првенства, сега на ред е Мундијалот во Алжир.

Русите ќе ни бидат прв противник, утре од 15 часот.