НАШИОТ ТРЕНЕР ПОЧНА СО РАБОТА ВО НОВИОТ КЛУБ

Мане знае како треба... (фотогалерија)

Марјан Секуловски го одработи својот прв тренинг со екипата на Шан Јунајтед. Утре против ГФА ќе дебитира на клупата на првакот на Мјанмар

објавено: 1 мај 2018 - 13:29

Откако пред три дена беше и официјално промовиран во шеф на струката на тимот на Шајн Јунајтед, Марјан Секуловски утринава го одработи и својот прв тренинг во новата средина. Дисциплина, борбеност до крајни граници бараше Мане од своите пулени. Инаку тој утре против ГФА ќе го има своето деби на клупата на првакот на Манмар. Во моментов Шајн Јунајтед е втор на табела со шест бодови помалку од лидерот и меч помалку.