Интензивно се тренира

Миксот на Раул - Малку гимнастика и кошарка, рецепт за успех на ракометарите (Фотогалерија)

Македонските репрезентативци интензивно се подготвуваат за настап на Европското првенство во Хрватска, а под команда на Раул Гонзалес тренинзите се разноврсни

објавено: 29 декември 2017 - 21:23

Македонските репрезентативци интензивно се подготвуваат за настап на Европското првенство во Хрватска, а под команда на Раул Гонзалес тренинзите се разноврсни.

Капитенот Кирил Лазаров е мајстор за гимнастика, барем според фотографиите од вечерниот тренинг, а за баскет задолжени се Борко Ристовски и Гоце Георгиевски.

Микс од спортови за да се релаксираат репрезентативците, но и за да бидат максимално подготвени за предизвикот во Ц групата против Словенија, Германија и Црна Гора.