Со свечена церемонија во „Холидеј Ин“

MOK прослави 25 години од формирањето (ФОТО)

Македонскиот Олимписки Комитет со свечена церемонија во хотелот „Холидеј Ин" го прослави 25 години од своето формирање. Со присуство на голем број познати лица од светот на спортот, нашата најголема спортска институција го одбележа овој мал јубилеј.
„Чест ми е што сме дел од овој јубилеј на Македонскиот Олимписки Комитет. Изминативе две ипол децении максимално се трудевме за нашите натпреварувачи да имаат што подобри резултати на Олимписките игри. Во иднина ќе продолжиме со истото ова темпо и нема да застанеме тука" изјави претседателот на МОК, Васил Тупурковски.
Како изгледаше целата оваа церемонија, погледнете низ фотографии.

објавено: 20 март 2017 - 21:33