„СПОРТМЕДИА“ ГИ ИСПРАТИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

МОМЦИ СО СРЕЌА: Време е за кошаркарско „востание“

Македонската кошаркарска репрезентација пред малку замина за Приштина, каде утре (20:15 часот) против Косово ги отвара претквалификациите за Светското првенство 2019 година. Селекторот, Јорданчо Давитков и неговите избраници во одлично расположение и со големи мотив тргнаа кон Косово. 

објавено: 1 август 2017 - 15:51

Македонската кошаркарска репрезентација пред малку замина за Приштина, каде утре (20:15 часот) против Косово ги отвара претквалификациите за Светското првенство 2019 година. Селекторот, Јорданчо Давитков и неговите избраници во одлично расположение и со големи мотив тргнаа кон Косово.

Сите посакуваат Македонија да се врати на старите патеки и тоа токму со победа на големиот празник „Илинден" . Нашите кошаркари ќе имаат поддршка и од некогашната легенда, Тодор Гечевски, кој најави и остана на зборот, дека ќе биде заедно со нив. Среќен пат на репрезентативците им посака и првиот човек на МКФ, Петар Наумоски.

ФОТО: Петр Стојановски