Нашата репрезентација се упати кон Мец

Момци среќен пат и во Франција направете добар резултат (ФОТО)

Македонската репрезентација пред неколку моменти го започна своето патешествије, каде што крајната дестинација ќе биде Мец, односно Мундијалот во Франција. Најпрвин со автобус, „црвено-жолтите" тргнаа од хотелот „Александар Палас" кон Софија, од каде пак со авионски лет ќе заминат за Луксембург. Последната делница ќе ја ја минат повторно со автобус, каде што утре напладне се очекува да пристигнат на крајната дестинација.
Нашиот фотограф успеа да направи неколку „фотки" пред заминувањето, а нам ни останува само да им посакаме среќен пат и секако. МОМЦИ НАПРАВЕТЕ НЕ ГОРДИ ВО ФРАНЦИЈА!

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 9 јануари 2017 - 23:31