„ШТРКОВИТЕ“ ВТОР ПАТ СЕЗОНАВА СИ ОДАТ СО 112 ПРИМЕНИ ПОЕНИ

МЗТ во Белград оддржа нова лекција „Како не треба да се игра во одбрана“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот првак игра очајно, посебно во одбраната и затоа е на последното место во АБА лигата. Вечерва, на гостувањето во Белград, „штрковите“ примија 112 поени и загубија со 18 поени разлика од Партизан. 

Кога се работи за гостување на МЗТ во Белград, сезонава втор пат „сино-белите“ си одат со 112 примени поени. Толку поени МЗТ прими и кога гостуваше против Црвена Звезда кога загуби со 112:73. Во случајот со Партизан подобро е тоа што играчите на МЗТ дадоа повеќе поени, па и поразот е со помала разлика. 

Фото: Мн пресс

објавено: 16 декември 2017 - 21:19