ГОЛЕМА ПОБЕДА НА НОВИТЕ МОМЦИ НА ЏИКИЌ

Над Македонија ново кошаркарско сонце се раѓа!

објавено: 10 август 2014 - 23:49

Многумина на македонската кошаркарска репрезентација и предвидуваа дебакл, најмногу поради отсуството на шестмина стандардни првотимци, но играчите што настапија го оставија срцето на паркетот и остварија голема победа на стартот од квалификациите за ЕП 2015. Играчите на Белгија дојдоа како фаворити на хартија, но си замина поразени и замислени, бидејќи сфатија дека нема лесно да дојдат до првото место во групата. Вечерва се виде дека над Македонија се раѓа ново кошаркарско сонце, а вљубениците во овој спорт се надеваат дека тоа и в среда во студената Данска ќе светне силно и дека ќе донесе нова значајна победа за жолто-црвените.

Фото: Денис Дуковски