ОД АТМОСФЕРА КОЈА ВЕТУВАШЕ...

НЕ НАУЧИВМЕ НИШТО: Го уништија и она малку што остана од кошарката (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тоа требаше да биде дерби. Тргна во таа насока. Но по неколку прекини, оправдани, во секој случај, на крајот, МЗТ Скопје и Работнички застанаа да играат на 3:18 минути пред истекот на третата четвртина.

По „заслуга“ на навивачите, по двата поголеми прекини, официјалните лица проценија дека многу поголеми виновници се оние на МЗТ Скопје, кои ги имаше околу 200 сместени во оној грдо наречен „кафез“ во салата „Градски парк“.

Организаторот проба да ги исфрли од салата, не успеа во тоа во определениот временски период. Вечната приказна, за жал, ќе продолжи утре, извесно, во еден сосема поинаков декор од вечерашниот, кој беше налик на оние поранешните, даваше надеж дека македонската клупска кошарка сепак живее... Но некој изгледа не сака да биде така... Празна сала, празни срца, оние кошаркарските...

објавено: 17 март 2018 - 20:22