МАКЕДОНИЈА ОДИ И НА ЧЕТВРТА ПОБЕДА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Нема време за славје, нашите фудбалски херои го атакуваат и Ереван! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска А репрезентација триумфираше во Скопје со 4:1 над Лихтенштајн и направи уште еден чекор напред во борбата за првото место во групата 4 од Лигата „Д".

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски испрати убава победничка честитка до славната генерација која точно пред 25 години го одигра првиот натпревар на Македонија во Крањ и славејќи со истиот резултат против Словенија.

„Црвено-жолтите" немаат многу време за славје, бидејќи го очекуваат можеби клучниот дуел за врвот во Ереван против Ерменија. Меч кој што е закажан за во вторник од 18:00 часот.

објавено: 14 октомври 2018 - 09:36