РАБОТНИЧКИ „ЗАМРЗНАТ“ НА „МИНУС 25“ ВО ПЕРМ

Ништо од Европа, барем засега (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со само еден расположен поентер, и само десет играчи во активниот ростер, „црвено-белите“ не можеа да парираат во дуелот со руската Парма. 

објавено: 21 септември 2017 - 18:56

Со само еден расположен поентер, и само десет играчи во активниот ростер, „црвено-белите" не можеа да парираат во дуелот со руската Парма. По овие минусни 25 (63:88), реваншот во Скопје ќе биде само една формалност, но и шанса за „поправен испит" на новиот тим на Работнички, кој евидентно, не е спремен за овој предизвик кој со себе го носи играњето во европските купови.