ИМА КОШАРКАРСКИ ДЕКОР ВО „ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ“

Од Каевски и Димевски, Дамјановски... па се до Аца трица... (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И малку кошаркарски свет е забележан во Домот на „Дражен Петровиќ“ за време на дуелот во кој нашиот МЗТ Скопје се обидува да биде подобар од Цибона. На трибините можат да се забележат и некои познати кошаркарски имиња, и од Македонија и од Хрватска.

Па така „декорот“ во салата во Загреб го прават директорот на АМС, Дарко Каевски, поранешниот претседател на МКФ, Даниел Димевски, екс-претседателот на КК Куманово, Зоран Дамјановски, додека пак на другата страна од трибините „сликан“ е и Александар Петровиќ, братот на Дражен Петровиќ и некогашен играч, тренер и претседател на Цибона...

објавено: 14 јануари 2018 - 16:04