ВАРДАРКИ СО ПРВИ ДВА БОДА

Од се по нешто: Перфектна Цвијиќ, малку публика и две лица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Наместо убедлива победа, ЖРК Вардар само со три гола разлика 34-31 го совлада унгарскиот состав ФТЦ. „Црвено-црните“ тргнаа силно, но во последните десет минути целосно паднаа. Иако го расипаа впечатокот, сепак како што самите велат на крајот се бројат победите, а за грешките ќе имаат доволно време да ги корегираат и веќе на следниот меч да се покажат во уште подобро издание. 

објавено: 6 октомври 2017 - 21:13

Наместо убедлива победа, ЖРК Вардар само со три гола разлика 34-31 го совлада унгарскиот состав ФТЦ. „Црвено-црните" тргнаа силно, но во последните десет минути целосно паднаа. Иако го расипаа впечатокот, сепак како што самите велат на крајот се бројат победите, а за грешките ќе имаат доволно време да ги корегираат и веќе на следниот меч да се покажат во уште подобро издание.

За пофалба е играта на Драгана Цвијиќ, со седум гола од исто толку обиди најави дека ќе биде главна алка во играта. Ова се докажа во оние минути кога македонскиот паѓаше, токму во овој дел пикерот беше на клупата, па пред крајот Дибирова мораше да ја врати на теренот.

Белег на мечот оставија празните трибини. ЖРК Вардар дефинитивно не заслужи да игра пред мал број на публика, овие девојки заслужија поддршка...