Ќе ни треба и добра дефанзива

Одбраната да ни биде гранит во Хрватска (Фотогалерија)

објавено: 26 декември 2017 - 19:32

И добра одбрана ќе ни треба на Европското првенство во Хрватска, а Раул Гонзалес е познат како еден од најдобрите стратези на планетата, па македонската репрезентација има силни адути за успех.

Полека и составот се комплетира, а се очекуваат уште двајцата наши интернационалци од Бундеслигата, Филип Миркуловски и Филип Талески.

Раул добро знае дека од одбраната почнува се, а таа треба да биде гранитна во дуелите со Словенија, Германија и Црна Гора во првата фаза од шампионатот во Хрватска.