Олимпија го промовираше Аврамовски (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Даниел Аврамовски и официјално беше промовиран како ново засилување на словенечкиот тим. 

објавено: 20 декември 2016 - 13:42

Првиот човек на Олимпија, Ранко Стојиќ на денешната официјална промоција на македонскиот репрезентативец изјави дека во Аврамовски гледа фудбалер, кој може да го донесе тимот на поголемо европско ниво.  

„Добивме играч кој е исклучително талентиран. Одличен е со левата нога, одлично се снаоѓа при прекини. Секако дека е добро што добивме играч кој е подготвен да работи напорно и да не направи што подобри на европско ниво", изјави Ранко Стојиќ првиот човек на Олимпија.

Нашиот млад репрезентативец и сега веќе екс-член на Црвена Звезда потпиша тригодишен договор.