ОТВОРЕНИ СЕ 23. ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Олимпијадата, а кој друг, ги спои Јужна и Северна Кореја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најголемиот настан во светот на спортот во 2018 година по Мундијалот во Русија, Зимските олимписки игри во Пјонгчанг се прогласени за отворени.

објавено: 9 февруари 2018 - 14:26

Најголемиот настан во светот на спортот, по Мундијалот во Русија, Зимските олимписки игри во Пјонгчанг се прогласени за отворени.

Почетокот на игрите е означен со свечена церемонија на преполниот стадион во Пјонгчанг, со огномет и специјална програма.
Собир кој дефинитивно, макар и на момент ги „спои" јужниот и северниот дел од Кореја, земјите кои се во „војна" повеќе од половина век, откако на церемонијата се ракуваа Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин.
Инаку, Зимските олимписки игри ќе траат до 25. февруари. Ќе се натпреваруваат вкупно 2.925 спортисти од 92 национални комитети, во 102 натпреварувања во 15 спортови..