Кој веруваше во вакво чудо

Отпишаните се вратија да го нокаутираат Фенербахче (Фотогалерија)

Вардар воскресна како Феникс и од позиција на отпишан во битката со Фенербахче, зададе два удари со кои го фрли на подот турскиот гигант и се приближи на еден меч до историја и прв пласман во Европа Лигата

објавено: 18 август 2017 - 00:13

Зоран Поповски

Фото: Петр Стојановски

Вардар воскресна како Феникс и од позиција на отпишан во битката со Фенербахче, зададе два удари со кои го фрли на подот турскиот гигант и се приближи на еден меч до историја и прв пласман во Европа Лигата. Турбуленциите со најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе си замине од Вардар и оставката на тренерот Гоце Седлоски, имаа ефект на позитивен шок, рамен на чудо, што доведе до незаборавна вечер во Скопје и слатка победа над гигант во европски рамки.

Прво учество за Вардар во квалификациско меч во ова натпреварување и веднаш блескава победа од 2:0. Но, сега следи тешко искушение во Истанбул на стадион на кој има жешка атмосфера, можеби и во топ-5 во Европа по бучност, па вардарци не смеат да се опуштат и треба да го одработат реваншот, за да се надеваат на остварување на сонот и да бидат прва македонска екипа што играла во фаза по групи во европските купови.