Битолчани со нова победа, овој пат против Шкупи

Пелистер чекор поблиску до Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пелистер игра по победнички ноти и продолжува со борбата за излез во квалификациите во Лигата на Европа. Битолчани вчера со 1:0, благодарение на погодокот на Силва го победија Шкупи и дојдоа до 51. бод. „Зелените“ донесоа нова радост во градот на Конзулите. Бо Битола ќе биде вистинска фиеста доколку се обезбеди пласман во ЛЕ. Првата таква шанса Пелистерци ќе ја имаат веќе во среда кога во финалето од Купот на Македонија ќе играат против Шкендија.

објавено: 14 мај 2017 - 11:18