БИТОЛЧАНИ СИГУРНИ ВО ДУЕЛОТ СО БОРЕЦ

Пелистер е повторно лидер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Пелистер стигнаа до својата 12. победа по 16. одиграни кола од Првата македонска лига. До новите бодови битолските „зелено-бели" стигнаа славејќи триумф против велешки Борец со резултат 29:25. Доволно за враќање на лидерската позиција на табелата.

објавено: 10 март 2017 - 20:31