И двете екипи имаат шанси

Пелистер навреме се разбуди, трофејот сака да го одбрани (Фотогалерија)

Фудбалерите на Пелистер навреме се разбудија и со два гола во второто полувреме славеа против Академија Пандев со 2:1 во првото полуфинале. Со многу подобра игра во вториот дел битолчани покажаа дека нема лесно да го предадат пехарот од националниот куп што го освоија лани

објавено: 14 март 2018 - 18:13

Фудбалерите на Пелистер навреме се разбудија и со два гола во второто полувреме славеа против Академија Пандев со 2:1 во првото полуфинале. Со многу подобра игра во вториот дел битолчани покажаа дека нема лесно да го предадат пехарот од националниот куп што го освоија лани.

Борче Маневски и Ристо Илијовски со голови ја анулираа предноста на Академците од Струмица, кои водеа по првиот дел со 1:0, со погодокот на Јани Атанасов. Ова е прва победа на битолчани против Академија Пандев во третиот меѓусебен дуел, а резултатот од првото полуфинале им дава шанса и на двете екипи за пласман во самата завршница и меч за пехарот во купот на Македонија.