Сефте на битолчани по серија од пет меча без победа

Пелистер танцува на побрз ритам од скопската романтика (Фотогалерија)

Фудбалерите на Пелистер реагираа одлично на императивот да се победи Работнички и да се сопре серијата од пет меча во првенството без триумф и со 3:2 славеа во меч од 20.коло

објавено: 18 февруари 2018 - 17:15

Фудбалерите на Пелистер реагираа одлично на императивот да се победи Работнички и да се сопре серијата од пет меча во првенството без триумф и со 3:2 славеа во меч од 20.коло.

И тоа го сторија со пресврт од 0:1, со машка и бескомпромисна битка. Битолчани покажаа дека можат да се кренат од лошата ситуација, која го демнеше и опстанокот на клубот, освоија важни три бода во битката за опстанок и поведро го очекуваат продолжението на шампионатот.