УСПЕШЕН ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАРУВАЧКИ МЕЧ ЗА „СОКОЛИТЕ“ ВО 2016

„Петка“ за Карпош Соколи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Составот од Карпош делуваше доста сигурно, и стигна до петтиот триумф во АБА лигата кој ги трга од последните места на табелата

објавено: 30 декември 2016 - 22:47

Кошаркарите на Карпош Соколи продолжија со нивниот „тренд“,да победуваат на свој терен, барем така е на последните пет натпревари кои ги играат во својата ВИП Арена „Борис Трајковски“. 

Добрата серија продолжи и против црногорскиот Морнар кој беше совладан со сигурни (75:63)