За младите би било како мелем на гибралтарска рана

Победа против Австрија за кам-бек во вистински правец

Победа против Австрија за четири дена во четвртиот квалификациски меч за пласман на Еп во Италија и Сан Марино е речиси императив за младите македонски репрезентативци на возраст до 21 година

објавено: 10 ноември 2017 - 14:57

Победа против Австрија за четири дена во четвртиот квалификациски меч за пласман на Еп во Италија и Сан Марино е речиси императив за младите македонски репрезентативци на возраст до 21 година. И би била вистински мелем на гибралтарските рани, по сензационалниот пораз против дебитантот во квалификациските циклуси.

Групата 7 е исклучително тешка, но избраниците на Боби Милевски немаат многу избор. Ако Македонија сака нов подвиг и пласман на ЕП мора да се победи Австрија во Скопје на 14. ноември од 13 часот.

Мисијата е тешка, Австријците се позната европска марка во младинските категории, но Милевски знае како е да се трасира пат за големите натпреварувања.