Новиот тренер имаше одличен почеток на тренерската кариера

Триумфално деби за Дибирова, вардарки повторно се топ (ФОТО)

Во својот прв натпревар како тренер на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова дојде и до првата победа. Во Скопје лесно беше совладан Турингер со 36:26, победа со која воедно беше освоено и првото место во првата група со 15 бодови.
Како изгледаше денешниот натпревар во СЦ „Јане Сандански" каде што можеа да се видат и дел од машките ракометари, односно фудбалерите како и сопругот на Ирина, Тимур кој и даваше неизмерна поддршка, погледнете низ објективот на нашиот фотограф.

објавено: 11 март 2017 - 18:58